Ташко Каранфиловски : “Чувството да се заплови во брачни води е прекрасно.” !

“Чувството да се заплови во брачни води е прекрасно.”-ова го истакна младиот пејач Ташко Каранфиловски при неговото гостување во ИН Продукција. Тој вели дека покрај бројните обврските кои ги има перидово, секогаш се труди да пронајде време за неговата сакана, како и за неговата фамилија.

Пред извесно време, младиот пејач Ташко Каранфиловски се вери со својата сакана. Тој при неговото гостување во емисијата “Промо” истакна дека чувството да се заплови во тие води е прекрасно.

-Иако немам многу време да посветам на тоа, се разбира дека прекрасно е чувството да се заплови во овие води и се надевам дека ќе биде добро. Сега засега е многу краток период, па неможам многу да кажам.-вели Ташко.

И покрај големиот број обврски и ангажмани со настапи, како и снимање на песни и спотови, Ташко се труди да пронајде и време за да им помогне на неговите родители кои се занимаваат со земјоделство.

-Па гледам се повеќе да го искористам со мојата фамилија, да сме присутни сите заедно, да направиме еден дел весел и доколку имам време да им помогнам со обврските на моите родители бидејќи претежно се занимаваме со земјоделство па сакам да им помогнам околу тие работи, околу овошките, јаболката во нашата Преспа. Се разбира дека сум и голем љубител на домашни животни.-додава пејачот.

Инаку, тој во моментов го подготвува неговиот втор албум на кој ќе се најдат девет песни. Едната од нив ќе биде стара изворна песна од Тетовскиот крај. Пред извесно време Ташко во студиото на ИН Продукција ја промовира најновата песна “Дојди ми Љубице”, за која деновиве ќе снима и спот.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*