Преголема љубов на Петар кон гајдата

Младиот Петар Ангелески можеби со право во моментов го има епитетот за најмлад гајдаџија, со оглед на фактот што се поретко младите музичари се определуваат за свирење н еден ваков специфичен и стар македонски инструмент. Петар своите најрани години ги бележи токму со сличен инструмент на гајдата , односно гајдарката.

-Кога почнав на почетокот да свирам гајда сам си купив гајдарка, која се свири на уста, не ја имав цела гајда, потоа таткоми ми даде хармоника и ми рече свири хармоника, да не земиш гајда. Страм било младо дете да свири гајда. Јас ја продадов хармониката ки си купив гајда, раскажува Петар.

И покрај тежината при учењето да се свири на овој инструмент, сепак желбата и љубовта  на Петар кон гајдата преовладувала се до тој момент кога тој научил да свири на неа. Нема нешто лесно особено кога се работи за инструмент, но јас сакав да свирам на гајдата, вели Петар.

-Нема нешто што е лесно, јас барем така општо мислам за сите работи. Треба најпро вежбање и цврст карактер, да не се откажуваш воопшто од ништо во животот, ако сакаш да успееш во нешто, вели Петар.

Петар како што најави во подготовки е на нов материјал, кој ќе биде нова инструменталка на гајда, после летниот период, бидејќи како што сам кажа сега е преокупиран со свадбените веселби, каде посебно доаѓа до израз со гајдата.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*