На Ријана и здосадија момците

Поп пејачката Ријана повеќе не е во врска со саудискиот бизнисмен Хасан Џамил, пишуваат американските медиуми бидејќи Ријана решила да ја прекине љубовната врска, а причината за тоа е што таа се “изморила” од мажите.

“Тоа беше добра врска, но сега е завршена. Секако, Ријана му го скрши срцето. Тоа е она што таа го прави: ги крши машките срца. Ријана се измори од него. Таа понекогаш е уморна од мажите”, изјавил изворот за овој медиум.

Многумина шпекулираат дека проблемот настанал поради бројните обврски на Ријана. Премиерата на филмот “Ocean’s 8” во кој таа се појавува покрај Кејт Бланшет и Сандра Булок, лансирање на своја линија на долна облека и работа на колекцијата на шминки “Fenty Beauty” се само дел од деловните ангажмани на кои таа работела.

Ријана и Хасан биле заедно од јуни 2017 година, а иако не се појавувале заедно во јавноста, нивните заеднички фотографии се појавија во многу таблоиди кои ги следат животите на познатите личности.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*