Сопругата на Сакиќ одговори на обвинувањата: Не сум виновна за смртта на Синан, сакаме само достојно да го испратиме

Пејачот Синан Сакиќ почина во петокот во својот дом, а веднаш по трагичниот настан почнаа да кружат приказни дека за неговата смрт е одговорно семејството, на чело со сопругата Сабина.

Семејството на легендарниот пејач се најде на удар на обвинувања дека се виновни за неговата смрт, зошто, како што се наведува, го извадиле од болница каде што се лекуваше, на своја одговорност.

Вдовицата за српски Курир ги дематираше наводите:

-Навистина не сакам со тоа да се занимавам сега. Сакам прво да помине погребот, да го испратиме како што доликува. После тоа се официјално ќе биде решено, но обвинувањата се неосновани. Моите синови ќе се занимаваат подетално со таа приказна, но после погребот, рече таа.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*