Андреј Илиоски дел од Македонската Филхармонија

Младиот и премногу музички телентираниот Андреј Илиоски недоамна беше дел од оркестарот на македонската Филхармонија. Како што истакнува Андреј, во Филхармонијата секоја година избираат ученици од различни државни музички училишта.

-Од државното музичко училиште бев одбран јас по инструментот кларинет. Таму имавме четири проби. Настапував со концертот “CONCERTINO C.M Weber”. Годинава ми е последна од нижото музичко училиште, средно ќе одам во државното музичко училиште, вели во својата изјава за ИН продукција младиот Андреј.

Инаку оваа година Андреј е полуматурант, со оглед на тоа што има само 14 години, ова за него е едно од досегашните најголеми негови достигнувања.

-Едно од моите најголеми достигнувања во чивотот. Чест ми беше да свирам со Македонската Филхармонија под диригентската палка на маестро Ле Фи Фи. Едно прекрасно искуство кое вечно ќе го паметам. Голема благодарност до мојот професор Спире Јовановски кој има голема заслуга за мојот достиг, напиша Андреј  на својот фејсбук профил.

Инаку Андреј е син на Рубин Илиоски, член на познатата битолска група “Маестрал”. За напоменување е тоа дека годинешната американска турнеја на групата “Маестрал” помина во знаккот на Андреј кој бележеше бројни настапи со нив и ја оставаше публиката без здив од неговите музички способности на својот кларинет.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*