Уште едно прекрасно доживување за македонците во Сиднеј приреди Наум

Преполни сали со македонци сплотени на едно место, беше гледката која ја направи мега популарниот Наум Петрески заедно со својот тим кој го придружува на големата австралиска турнеја.

Рокдајл центарот во Сиднеј беше претесен за да ги собере сите македонци кои сакаа да бидат дел од неповторливиот концерт на големите македонски естрадни имиња.

Концертот како и вообичаено го започна Зуица Лазова, која изведе бројни нејзини хитови. Македонците уживаа во прекрасната атмосфера и прекрасните македонски звуци кои за многумина значеа потсетување на своите корени, допир со своето –македонското, исконското кое го понеле заедно со нив од родната грутка земја.

Големата австралиска турнеја на Наум поминува во најдобра организациска поставеност, а особено се карактеризира со бројната посетеност на сите досегашни концерти. Медиумски покровител на оваа голема австралиска турнеја е сателитската ИН ТВ која со своја екипа во живо ги пренесува сите концерти на ова големо музичко име.

Следен концерт на Наум во Синдеј ќе биде на 23 јуни во Хрватскиот клуб Пaнчбол.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*