Почина српскиот пејач Синан Сакиќ

Еден од најпознатите пејачи на српска народна музика Синан Сакиќ почина на 63-годишна возраст. Тој бил примен во болница на 27 април, а по бројните испитувања лекарите констатирале дека му е потребна трансплантација на црниот дроб. Синан бил пренесен во приватна клиника, но ја загуби битката со тешката болест.

Минатата година на Синан му бил вграден стент на жолчниот канал, но лекарите од Италија, Турција, Србија, БиХ и Хрватска по редовните прегледи утврдиле дека тоа не е трајно решение и дека му е потребна трансплантација.

Синан Сакиќ има објавено 30 албуми, а зад себе ги остави сопругата Сабина и двата синови Ален и Радиша.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*