Полна агенда со настапи перидов за група Марифет

Перидов се доста ангажирани со настапи, како по локалите, така и на смејните прослави. Момците од Група Марифет се надеваат дека за скоро ќе настапат и надвор од нашата земја.

Голем број настапи низ земјава имаат и момците од група Марифет. Тие најчесто настапуваат во нивниот роден град, Прилеп, а се надеваат дека нивните ангажмани ќе се прошират и надвор од границите на Македонија.

-Најчесто настапуваме во нашиот град, во добропознати локали, ресторани и кафетерии. Се разбира и на семејни веселби кои најчесто ни се таргет група. Веќе имаме настапи и надвор од Прилеп, па се надеваме дека ќе се прошири интересот за наш настап и надвор од земјава.-истакна Кире, бас гитарист.

Групата Марифет постои скоро две и пол години на естрадата, а е составена од 5 искусни музичари.

-Групата е оформена пред две и пол години, со мали измени. Овие шест месеци ќе имаме некои измени во составот. Работиме, се трудиме и успешни сме, ќе продолжиме со истото темпо. За секоја работа важи правилото, колку се вложуваш, толку вродува плод, така да ние сме упорни и вредно работиме.-вели познатиот гитарист, Тоде.

Како група, досега немаат настап на фестивал, но не ја исклучуваат можноста во иднина доколку испадне добра песна, да учествуваат на некој од нив.

Група Марифет деновиве во соработка со ИН Продукција го снимија првиот спот, за нивното авторско оро кое носи наслов “Марифет Елено”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*