Елена Велевска, неуморна и секогаш успешна на своите настапи пред публиката

Постојано е во движење, создавање добра македонска музика, како и внесување на бројни новитети во музичкиот хоризот, која ако не фолк дивата Елена Велевска. Таа е буквално неуморна и секогаш успева да стигне на секој нејзин настап, особено надвор од нашата земја.

-Неодамна бев во Белгија. Поминав одлично, навистина си поминав преубаво. За прв пат бев во Белгија. Направивме еден феноменален концерт, на кој што навистина немаше место, не не собираше во салата. Се изненадив од посетеноста на македонците и на тоа колку се желни да ја слушаат македонската песна. Секогаш низ дијаспората многу повеќе се слуша и сака македонската музика отколку тука дома. Тоа е веќе јасно како ден. Потоа бев во Италија направивме две вечери. Имавме две незаборавни ноќи со дружење на македонците кои што се наоѓаат во близината на Аспика и навистина не ме оставаа да си одам, вели Елена.

Притоа, како што додава Елена таа максимално ја користи приликата да го посети и разгледа местото каде што оди, особено ако станува збор за место кое е надвор од нашата земја. Секогаш гледам онаму каде што одам, да ги посетувам најубавите знаменитости, вели Елена. Помеѓу другото Елена за оваа година најавува и поголеми турнеи на три континенти.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*