Група “Респекти” со широка палета на музичка понуда

Со полна работна агенда , впрочем како и останатите музичари во Македонија, се и познатата група “Респекти”. Оваа група функционира пет години на македонската музичка сцена а публиката најповеќе ги запозна со нивниот видео запис за печалбарската песна “Пуста да е печалба”, кој го изработија заедно во соработка со ИН продукција. Периодов кој следува е максимално работен, вели Даниел Сидовски, вокал и фронтмен на групата.

-Со свадби сме веќе скоро да речам фул, полна агенда. Има и останати прослави, крштевки, родендени, ние свириме се па дури и торбешки свадби. Дискотеки , да речам се договараме недела, две до месец однапред. Такви агенди прават тие самите менаџери. Низ цела Македонија сме 50% во доскотеките. 100% сеуште не можеме да ги опфатиме, сепак сме нецели пет години на естрадава, некој не немаат запознаено , ќе не запознаат, но се слуша. Преговараме, што е најдобро и секој ќе си најде термин за нас, истакнува Даниел.

Песната која како што истакнува Даниел, “Пуста да е печалба” е направена со намера да биде на некој начин отскоќна даска за нивна турнеја во далечната Австралија.

-Буквално е така, ние ја направивме со намера таа песна. Да можат малку да слушнат и останатите надвор што се од Македонија, за да можеме и ние да отидеме таму да ја пласираме  и нашата македонска музика. Ние за тоа и сме тука, сакаме што повеќе да ја пласираме македонската музика, но колку ни дозволува самата популарност и популација, бидејќи тие милуваат и се друго, додава Даниел.

Пред нецели два месеци групата “Респекти” реализираше видео проект за неколку кавер верзии на македонски сплет песни и добро познати српски, записи кои се во соработка со ИН продукција.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*