33-то издание на Фолк Фест Валандово со низа критики

Двете фестивалски вечери од реномираниот фолк фест Валандово кој се одржа викендов поминаа во атмосфера, за секого различна. Првата фестивалска вечер која беше од ревијален карактер, изобилуваше со познати хитовски рефрени од фестивалот а во изведба на познатите македонски пејачи. Втората вечер која беше од натпреварувачки карактер помина дел со задоволство дел со негодување помеѓу интерпретаторите.

Фолкерот Мишко Крстевски кој беше дел од двете фестивалски вечери своето мислење за годинашното 33-то издание на овој фестивал го изрази јавно на социјалната мрежа фејсбук, каде напиша:

-Знам дека не постои совршенство па не мора ни фолк фестивалот Валандово да е совршен , но….Јас учествував на двете фестивалски вечери…и..првата …ревијалната вечер беше прекрасно!!!

Втората…натпреварувачката вечер кога јас пеев ,не беше пуштен микрофонот во монитор …Тоа е како да возиш во магла кога прст пред око не се гледа.

Со тоа сум оштетен а и вие почитувани љубители на македонската песна , затоа што поради ова што ви го кажав мојата интерпретација а и самата песна изгубија од својата убавина. Верувам дека ова подметнување им беше сторено и на други пејачи .Мизерно и жално, нашиша на својот фејсбук профил Мишко.

Со свои импресии на фјесбук мрежата се огласија и двајцата блиски музички соработници од Кичево, Спасен Силјаноски и Дамјан Стојаноски. “Од Валандово во Пополжани на споделување импресии” напиша Спасен и објави фотографија заедно со својот колега Дамјан.

Во двете фестивалски вечери песните на годинешниот валандовскифестивал беа изведувани во живо. Наградени беа , трето место песната “За нас” во изведба на Благоја Груевски со парична  награда од 750 евра, второ место песната “Умирам по тебе” во изведба на Филип Божиноски со парична награда од 1000 евра и првото место песна “Горда мајка” во изведба на Благица Калева со парична награда од 1500 евра.

Годинава фестивалот се оджа во месец мај , односно на 24 и 25 мај, за разлика од тоа што долги години беше востановена практиката за одржување на фестивалот во месец октомври.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*