Група Марифет снимија спот за нивното првенче

Група Марифет снимија спот за нивното прво музичко дело, орото “Марифет Елено”. Видеото се снимаше на две локации во Прилеп, а во соработка со ИН Продукција.

Прилепчаните од група Марифет снимија спот за нивното прво авторско оро насловено како “Марифет Елено”. Како што истакнаа тие заеднички одлучиле орото да го носи името на групата, надополнето со Елено, бидејќи ритамот е во стилот на популарното Елено оро.

-Како автор на орото се јавува нашиот драг пријател Сашко Ристески кој на наше задоволство ни направи едно оро во духот на македонската музика и со примеси на некои помодерни звуци. Орото е снимено во студиото “Prosound” на Славко Ристески и секако вие се појавувате да и го направите видео записот, а соработката ќе продолжи и понатаму со ИН Продукција.-истакна Кире, кој свири бас гитара во бендот.

Снимањето на спотот помина во одлична и позитивна атмосфера, а се одвиваше на две прекрасни локации во Прилеп.

-Спотот се снимаше на две локации, првата е ресторанот Лаки, а втората локација е манастирот Св. Димитрија во околината на Прилеп, поточно во Селце, коешто е преубаво место. Така да, на двете места беше многу добро, пријатно и топло, а пред се позитивно.-вели гитаристот Тоде при интервјуто за ИН ТВ.

Со оглед на тоа што ова е нивно првенче, се надеваат дека ќе биде добро прифатено од јавноста. Покрај орото, во моментов подготвуваат и авторска песна која ќе биде промовирана за скоро време.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*