“Арена Бенд ” најавуваат нова песна со видео запис

Момците од “Арена Бенд” подготвуваат нова песна во народен македонски стил. Како што откриваат, авторот на музиката од песната е фолкерот Спасен Силјаноски а текстот е на неговата мајка , додека пак аранжманот е на Сашко Митковски.

-Новата песна ќе биде претставена заедно со видео запис, за кој сме во преговори со ИН продукција за негово снимање и реализација, велат од “Арена Бенд”

Низ содржината на песната се испреплетуваат тежината на животот во очите на авторот, силината на мајката кога станува збор за нејзиното дете како и мајчините солзи кои оставиле длабоки рани во детското сеќавање.

“Арена Бенд” бележи плодна соработка со ИН продукција, како и неколку заеднички реализирани проекти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*