Панчо и Андреј 15 години на сцена

Панчо и Андреј или рнб двоецот ДНК и после полни 16 години присуство на домашната музичка сцена работат со несмален интензитет и секогаш водени од желбата да бидат уникати и единствени во она што го работат.

Така е и овој пат – момците во еден ден ќе промовираат три работи: – Нов спот и нова песна; (инаку, станува збор за темата „Дијамант“ која е со потписот на Панчо и Лазар Цветкоски)

– Нов студиски материјал ’The best off’ и – ДВД од концертот одржан минатата година во Метрополис арената, а по повод нивниот јубилеен роденден – 15 години ДНК. „Ќе ни биде чест и задоволство доколку бидете присутни на овој за нас посебен ден, па „Што сака нека биде““, велат момците, додавајќи оти искрено веруваат дека сето спакувано ќе им се допадне на нивните фанови кои во сите овие години безмерно ги поддржуваат.

Инаку, дел од албумот „The best off“ се 22 веќе чуени теми, меѓу кои „Авион“, „Стојам сам“, „Невозможна мисија“, „Пази се од мене“, „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“, „Навлечен на тебе“, „Она е од Шутка“…, и „Дијамант“ како бонус трака.

Како артисти со претходно музичко искуство и образование ( Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК- Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на новиот албум „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија ги донесе најдобрите светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Бројните музички достигнувања на ДНК се само доказ за нивната успешна работа како дуо чии незаборавни настапи низ целата држава се најпосетени. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ ( за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*