Ники Минаж во врска со Еминем?

Американската рап пејачка Ники Минаж ги потврдила гласините на медиумите дека е во љубовна врска со популарниот рапер Еминем.

35-годишната музичарка најавила нова песна на својот Инстаграм профил, која ја снимила со раперите Ту Чејнз и Биг Шон, а под објавата, некој обожавател ја прашал дали е во врска со Еминем.

Иако можела да го игнорира коментарот, Минаж сепак одлучила да одговори на ова прашање.

“Да”, кратко напишала таа и ги воодушевила обожавателите кои сакале да дознаат што повеќе детали за оваа врска.

Засега не е познато дали навистина и колку долго се Ники и Еминем во врска, но се претпоставува дека не се подолго од неколку месеци со оглед на тоа што раперката била последен пат видена со нејзиното момче Нас во декември изминатата година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*