Концерт на Наум Петрески во Перт

Големото музичко име на македонската естрада Наум Петрески, кој од неодамна е во далечната Австралија на долгонајавуваната турнеја заедно со Зуица Лазова, Илија Тотовски Тота и виолинистот Џевад Рамаданоски, вечерва по австралиско време ќе го имаат својот концерт во Перт.

Организатор на концертот е Охридското социјално друштво Св.Наум Охридски од Мелбурн, а по повод 35 години јубилеј на Македонската Народна Општина –Вардар.

Претходно Наум со своите соработници имаше концерт во Мелбурн, кој помина со голема посетеност и добра организација. Забавата која ја направија македонците од оваа далечна земја и Наум можеше да се проследи во живо преку ИН телевизија.

Како што во неколку наврати напоменавме, речиси сите концерти на ова големо македонско име се целосно распродадени. ИН ТВ и овој концерт ќе го пренесува во живо на своите канали.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*