Со ревијален дел започна 33-то издание на Фолк фест Валандово

Освен што го намали наградниот фонд, новото раководство на фестивалот одлучи да го промени и начинот на гласање. За најдобрите вечерва ќе одлучува седумчлено жири и публиката во салата.

Со ревијално шоу на кое беа отпеани најголемите фестивалски хитови потпишни од композиторите Григор Копров, Миле Барбаровски и Љупчо Трајковски-Фис, синоќа беше отворено 33-то издание на „Фолк фест Валандово“. Вечерва на програмата е повозбудливиот дел, натпреварувачката вечер со 19 композиции. Премијата за победничкиот тим е 1.500 евра, второпласираниот изведувач со авторите ќе подели 1.000 евра. а наградата за трето место е 750 евра. Освен што го намали наградниот фонд, новото раководство на фестивалот одлучи да го промени и начинот на гласање. За најдобрите ќе одлучува седумчлено жири (60 отсто) и публиката во салата (40 отсто). Телефонско гласање нема да има.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*