После “Крштевка” Елена Велевска најавува нова патриотска песна

Неодамна во просотиите на ИН продукција фолк дивата Елена Велевска ја промовираше својата најнова наменска песна “Крштевка”, која како што вели самата потреба и наложила за да создаде една ваква песна. Инаку во периодов кој следува Елена најавува нова песна како и целокупен збир на песни кои ќе се најдат на нејзиниот нов албум.

-За тоа не би зборувала сега бидејќи сеуште се собираат композициите кои што треба да се најдат на новиот албум. Сега навистина имаме недостаток на неколку композиции за да се надополни сето тоа. она што во иднина следува е уште една македонска песна за која што се работи за една патриотска тема, тоа што следно ќе го вадам. Дотогаш имам гостувања, турнеи, ангажмани низ Македонија , низ Бугарија и на тоа ќе работам, истакнува Елена.

Елена која од пред извесен период застапена и на бугарската музичка сцена, додава дека тое е еден доста динамичен музички пазар, каде се гостува низ клубовите насекаде.

-Навистина се разликува многу тој пазар од македонскиот. Се работи од понеделник до недела, се гостува низ клубовите и навистина ми е малку отежнето но ете успевам да избалансирам и кај нас и таму и со дечињата и тоа е, вели Елена, додавајќи низ смеа дека и е судено да работи насекаде.

Во поглед на бројните работни ангажмани Елена најавува турнеи во Америка, Австралија, Канада, како и многу настапи во нашата земја, каде што Елена е буквално  барана во секој дел од Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*