Познато музичко име автор на големиот хит “Слушниме мајко стара” од Анета и група Молика

Далибор е авторот на  голем бројни хитови за неговите колеги , една од најслушаните  е “Слушниме мајко стара”за која тој ја направи музиката, а текстот е на Борче Рафинерија, која постана голем хит а, е во изведба на  Битолската група “Молика” и Анета.

-Во уметноста кај нас поготово пејачите, секогаш се познати тие што снимаат и презентираат пред јавноста на телевизијата. Тие што се зад камерите, текстописците, некои се познати некој не, ама ете нашата работа не е јавна, во смисла на компонирање, аранжирање и пишување на текстови. Повеќе ме знаат како пејач, наспроти тоа што сум јавна личност и сите мои колеги, вели Далибор.

Покрај соработката на Далибор со Анета и групата Молика, тој соработува и со други музички имиња од македонската естрада.  Далибор откри дека во периодов работи и на третиот најнов албум на Анета и групата Молика.

-Неможам да издвојам некој. Ова ми е најтешкото прашање кога некој ќе ми го постави , затоа што еден ќе спомнам, друг ќе го изоставам и навистина ми е незгодно. Затоа не ги набројувам , но еве последно нешто што се крчка после албумот на Снеже, тоа е албумот на Анета која ја спомнавме. Ќе има доста различни песни, исто како на Снеже , ќе има и нешто баш онака како што го нарекувам изворно и по селско, нешто навистина убаво. Ќе има и нешто поуметнички, фестивалско. Периодов работиме на нејзиниот трет албум, истакнува Далибор.

При гостувањето на Далибор и Снеже во ИН продукција тие најавија и фестивалско учевство на годинешниот Лешочки фолк фест.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*