Вил Смит, Ники Џем и Ера ќе ја пеат мундијалската химна

23 годишната Ера Истрефи ќе ја изведе официјалната химна на Светското првенство во Москва заедно со Вил Смит и Ники Џем. Химната се уште не е промовирана во јавноста и истата ќе излезе во петок.

Организаторите на Светското фудбалско првенство ги одбраа американскиот актер Вил Смит, латино пејачот Ники Џем и косовската пејачка Ера Истрефи да ја отпеат официјалната химна на фудбалското првенство во Русија.

Химната ќе биде објавена на 25 мај, а продуцент на композицијата е американскиот Ди-Џеј Дипло. Светското првенство во Москва ќе се одржува од 14 јуни до 15 јули годинава.

Тројцата изведувачи се познати пред се во рап музиката. Иако најдобро познат како актер, Вил Смит имаше и неколку хит песни како Boom! Shake the Room и Луѓе во Црно. Ники Џем е еден од водечките јужноамерикански музичари, додека Ера својата популарност ја стекна во 2016 година со песната „Бонбон”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*