Првиот концерт на Наум,Зуица и Џеват помина повеќе од успешно

Екипа на единствената македонска музичка сателитска телевизија ИН, заедно со естрадните ѕвезди Наум Петрески и Зуица Лазова , Џеват Рамаданоски и Илија Тотовски Тота  заминаа на голема турнеја во Австралија.

Првиот концерт беше одржан во Мелбурн, за кој се бараше карта повеќе, а гледачите на ИН ТВ во живо имаа можност да ја почувствуваат тамошната атмосфера. Публиката која беше присутна на концертите, со воодушевување и големи овации ги пречекаа Наум и Зуица. Имено, Наум по 9 години е на турнеја во Австралија, а пред самото заминување тој изјави дека ова ќе биде за паметење и истото го докажа со првиот концерт.

Следниот концерт е закажан за 26-ти мај во Перт,а телевизиските гледачи ќе можат да го следат во живо на ИН Тв.

 

 

 

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*