Вера со став дека е голема чест да се настапува на македонски фестивал со големите музички имиња

“Да живее младоста” е песна која австралијанката со македонско потекло Вера Трајкоска ја има отепано изминативе години на тетовските “Филиграни”. Таа како што напомена при гостувањето во ИН продукција бележи бројни настапи на фестивалите како во далечната Австралија, каде што живее и работи, така и во Макдонија.

-Оваа песна беше песна за “Филиграни” за 2013 година. Композиторот е Оливер Глигоров ,кој е и текстописец, а музиката од неговата сопруга Милица. Додека пак со песната “Еј туѓино не си моја судбино”, настапив на “Гоце Фест” во 2014. Добив една награда за сценски настап. За песната “Да живее младоста” добив награда од жири,вели Вера.

Постои голема разлика помеѓу фестивалските реализации тука во нашата земја и Австралија, е фактот кој Вера посебно го насласува.

-Има разлика. Родена сум и порастена во Австралија, но кога ќе дојдиш во Македонија чувството е друго. Настапуваш меѓу ѕвездите тука, нам ни се познати ги гледаме , ги следиме во Австралија. Мислам тоа е голема чест. Бев многу импресионирана со тоа како се одвиваа фестивалите и бев почестена што сум дел од нив. Во Австралија за жал не се како што беа. Кога почнав по фестивалите во 1998 година дојдов на крајот. Пред тоа беа преполни салите и беше поактивно , но потоа полека почна да бидат не толку популарни. Публиката одеше ама не е исто како порано,истакнува Вера.

Дел од фестивалите кои тогаш се одржувале се веќе згаснати или пак некои се одржуваат во помали сали и се со многу помала посетеност за разлика од порано. Вера која ја кратко беше во посета на својата земја Македонија, најави снимање на нови песни.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*