Јовиќ: Последниве четири години секоја година сме Австралија

Презадоволен е од изминатата австралиска турнеја а најавува и нова. Неуморниот Ѓоко Јовиќ најаува доста работа во периодот кој следува. Тој на минатогодишната австралиска турнеја сними и два видео записи кои се најдоа на новото ЦД.

-Се најавува нова турнеја , февруари и март сме повторно во Австралија. Последните 4 години секоја година сме австралија. Да ги поздравиме нашинците во Австралија, да им посакаме многу здравје и среќа. Таму си поминуваме со нашинцте навистина прекрасно. Еден убав топол народ кој што убаво и топло не пречекува таму секогаш, вели Ѓоко.

Како што напоменува Ѓоко, сите изминати четири години наназад секогаш турнејата ја имаа во летниот период. Таму Ѓоко со својот бенд настапува со репертоар од балканска музика, она што е барано, вели Ѓоко.

-Има, некој од концертите се македонски. Иако на концертите нудиме повеќе околу 70 до 80 проценти македонска музика, а останатото друга музика.

Ѓоко Јовиќ неодамна го издаде својот нов поп албум  под наслов “Корени”на кој има десетина песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*