Раперот Фло Рида не си го сака сопственото дете

Светски познатиот рапер Фло рида, не си го сака сопственото дете поради тоа што има пречки во развојот. Тој и после потврдата за татковство, одбива да го види 19-месечното бебе.

Мајката на детето на раперот Фло Рида, откри дека музичарот не сака да го види своето 19-месечно бебе, кое боледува од хидроцефалус.

Алексис Адамс изјави дека популарниот рапер им свртел грб веднаш кога му јавила дека е бремена. Иако ДНК тестот го потврди татковството, Фло Рида и натаму одбива да го види неговиот син Зохар.

– Зохар има хидроцефалус, ретка болест која се карактеризира со зголемено количество течности во мозокот. Минатиот месец мораше да мине низ тешка операција. Фло Рида не ми се јави ниту мене ниту на докторите, не сакаше да праша дали син му е добро, изјави Адамс.

Инаку, Зохар не е единствено дете на Фло Рида. Во 2013 година, манекенката Наташа Вилијамс го тужеше раперот за неплаќање алиментација, и изјавуваше дека ја убедувал да абортира.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*