“Километри” од Лозано ќе добие и српска верзија

Мега-хитот на Лозано “Километри” ќе добие и српска верзија која ќе ја отпее Тијана Дапчевиќ. Наскоро ќе биде промовирана уште една песна од неговиот трет студиски албум.

Десетгодишнината од почетокот на својата кариера Влатко Лозаноски веќе одлично ја одбележува со мегахитот “Километри”, кој за нешто повеќе од еден месец собра милион прегледи на Јутјуб, а наскоро ќе слушнеме уште една песна од претстојниот, трет по ред студиски албум на кичевецот, симболично насловен “Десет”.

Имено, Лозано неодамна објави фотографија со девојка стуткана в кревет преку која најави уште една екранизација.

Во меѓувреме, за огромниот успех на “Километри” зборува и фактот што песната ќе добие и своја верзија на српски јазик, но ќе ја отпее неговата колешка Тијана Дапчевиќ.

Исто така, наскоро се очекуваат и повеќе детали околу славеничкиот концерт по повод 10-годишниот јубилеј, за кој засега се знае само дека ќе се случи наесен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*