Далибор Ѓошиќ: Треба да ги негуваме корените на македонската изворна музика

Моќен машки вокал кој своите почетоци ги бележи во реномираниот фолклорен ансамбал “Танец”, постојано твори , пее и создава македонска музика. Станува збор за добро познатиот Далибор Ѓошиќ, кој при гостувањето во ИН продукција ја најави подготовката на новиот материјал.

-Десет години славев претходната година во Танец. Десет години стаж не е ни многу но исрено не е ни малку. Со самото тоа што колку прошетавме со колегите од Танец. Колку концерти дадовме, колку солистички концерти со хорот, бидејќи јас сум во хорот како пејач. Мислам дека доста поминавме, за тоа кажуваат  и сите снимки од нашите настани не само во Македонија туку и ширум светот. Се надевам дека и така ќе продолжиме, бидејќи имаме навистина добра дружба колегијална, истакнува Далибор.

Токму поради сите вакви активности, не случајно излезе и првиот поголем проект на Далибор “Ајде сонце зајде”, со кој тој стана препознатлив  во македонската музичка сцена.

-“Ајде сонце зајде”, не врзува од корените на македонската изворна песна, каде и дополнително добро научив во Танец како плус треба да се негува онаа стара песна. Тоа е барано кај нашата работа, од тоа живееме и заработуваме, но кога се работи за уметност не случајно дојде до таа соработка, истакнува Далибор.

Далибор покрај напорната работа на својот нов албум, се јавува и како комплетен автор на најновиот албум, првенче од тетовчанката Снеже Радичевска, со која важат за блиски музички соработници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*