Ташко Каранфиловски подготвува нов албум

Ташко Каранфиловски работи на вториот албум. Како што открива тој на него ќе се најдат негови авторски песни и една препеана од Тетовскиот крај.

Ташко Каранфиловски периодов го подготвува неговиот втор албум .

Досега требаше да биде излезен албумот, меѓутоа од оправдани причини малку времето се оддолжи, но немора да значи дека тоа нема да биде во блиска иднина. На овој албум ќе има околу девет песни од кои една ќе биде препеана стара песна од Тетовскиот крај, а другите ќе бидат нови песни. Па кога ќе бидат готови ќе ги промовираме во ИН ТВ како и секогаш, така и овојпат.

Во вториот албум ќе бидат и оние песни за кои снимиве видео записи со ИН Продукција, Не тагувај лично моме, Ќе се каеш верувај, Само едно ми е важно, таа е песна од Огнен Неделковски и Славко Ристески, а на тој албум ќе има уште две до три нови песни.-истакна младиот пејач.

Инаку, Ташко скоро три месеци беше вокал на група Персиди од Ресен со кои оствари бројни настапи низ земјава. Тој беше како замена на нивниот вокал кој беше отсутен во тој период, а како што вели си поминал прекрасно со нив додавајќи дека соработката со нив ќе продолжи и во иднина.

Ташко во емисијата “Промо” ја промовираше неговата најнова песна која носи наслов “Дојди ми Љубице”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*