Модерато бенд со бројни настапи периодов

Младите момци од Модерато бенд со бројни настапи периодов. Тие најчесто настапуваат во нивниот град Кавадарци, но и во други градови низ земјава, најчесто на семејни прослави и свадби.

“Модерато бенд” се состои од релативно млади, но искусни момци. Тие постојат околу 3-4 години на македонската естрада, а имаат голем број настапи низ земјава. Како што истакнаа од бендот најчесто се ангажирани на свадби и фамилијарни прослави.

-Најчесто настапуваме тука во нашиот град, Кавадарци, но секако и пошироко од нашиот град. Имаме свирки и надвор, Штип, Неготино тука е блиску. Имаме значи настапи и во други градови да не ги набројувам сите.

Може да се каже дека агендата е веќе полна. Сега поминаа веќе Велигденските пости, има и некои свадбени веселби, матурски забави еве сега е  мај месец, има доста матурски. Фала Богу добро е, има работа.-вели Дане Ќосески, вокал на бендот.

Бројни настапи во Македонија, но сеуште не настапиле надвор од земјава. Од бендот се надеваат дека јавноста ќе го препознае нивниот квалитет, па во иднина и ќе бидат ангажирани во некоја од подалечните земји.

-Досега не сме настапиле, но се надеваме дека еве преку ИН ТВ, која ја гледа и дијаспората , се надеваме дека ќе го препознаат нашиот квалитет, па би сакале и се надеваме дека ќе настапиме и надвор од нашата држава.-додава тој.

Тие неодамна го снимија првиот видео проект со кавер верзии на 10 народни и забавни македонски песни. Проектот се снимаше во Кавадарци, во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*