“Крштевка” нова наменска песна од Елена Велевска

По неколкуте нејзини претходни наменски песни, како “Куме заиграј”, “Невеста”, овојпат фолк дивата Елена Велевска со нова песна, “Крштевка”. Потребата за една ваква наменска песна се наметна сама по себа, бидејќи често пеам на крштевки а ваква песна немаше, вели Елена.

-Се работи за нова песна која што деновиве ја промовирам. Ете сега следува и промоција на ИН телевизија. Се надевам дека песната ќе заживее кај мојата публика, бидејќи одамна очекуваат нешто народно да подготвам и ете овој пат е  една наменска тема. Како што добро беа познати моите наменски “Куме заиграј” и “Невеста” ете сега и “Крштевка”. Бидејќи често пеам на такви прослави и осетив потреба од таква тема да се испее. Со самата улога како што сум и родител на три дечиња ми дојде идеја да направам текст за една ваква тема, истакнува Елена.

Елена се јајвува како автор на текстот од оваа песна, во која има одбрани зборови кои севкупно се вклопуваат во песната.

-Оваа песна од поодамна ја подготвував, ми стоеше во фиока, се додека не го најде својот тајминг за излегување и продуцирање. Ете тоа во завршна фаза се случи изминатиов период. Имам уште една песна на која што работев минатиов период, но сега ќе дадам малку акцент на оваа песна, да заживее па подоцна ќе ја промовираме и другата композиција на која што се работи, додава Елена.

Инаку, во периодов кој следува Елена најавува полна работна агенда со бројни музички настапи како во нашата земја така и надвор од неа.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*