“Универзал бенд” со два нови видео записи

Најнов музички материјал од момците на Универзал бенд. Станува збор за една нова авторска песна и ново оро, кои и двете се во побрз современ ритам.

-Насловот на песната е “Љубов или навика”. Аранжман и музика се на Амет Амети, за текстот се погрижи еден мој колега Јасмин Хусовски од Кичево. Орото исто така го правеше Амет кој е член на бендот, истакнува Алмир, вокал од Универзал бенд.

Двата видео записи се снимаа во соработка со ИН продукција во непосредна близина на Велес, на доста интересни и впечатливи локации.

-Снимавме во близина на Велес, во неговата околина. Бевме на едно место како каменолом. Исто така над градот бевме на едно место убаво, каде се гледа цел град, вели Алмир.

Момците од Универзал бенд се задоволни од целокупниот материјал кој се сними , па очекуваат крајната оценка за сработеното да ја даде публиката. Тие не застануваат тука, најавуваат и следни снимања на нови песни.

 

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*