Од најзгодна пејачка, Ријана стана “плус сајз”

Беше една од најзгодните пејачки, а сега познатата Ријана стана “плус сајз”.  Нејзиниот став и понатаму е дека нема ништо лошо во вишокот килограми.

Иако повеќе пати ги полнеше насловните страници поради промената на килограмите, музичката ѕвезда Ријана и понатаму се држи до ставот според кој во вишокот килограми нема ништо лошо.

И додека фановите ја сакаат Рири поради нејзиниот став, како и поради нејзините бујни и женствени облини, изгледа дека последните фотографии на популарната пејачка не им се допаднаа на сите.

Ријана позираше во провокативни пози, во свилено боди, а лошиот аутфит дополнително ги нагласи нејзините атрибути.

Нејзините обожаватели се сложија дека овој стајлинг е добар, но дека сепак не и одговара бидејќи претерала со килограмите.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*