Благица Павловска најавува фестивалски настап

Благица Павловска и годинава ќе настапи на некој од фестивалите кои се одржуваат во нашата земја. Сеуште не одлучила точно на кој фестивал ќе се појави, но песните веќе се подготвуваат.

Фолк дивата Благица Павловска за годинава најавува фестивалски настап. Таа при нејзиното гостување во ИН Продукција истакна дека сеуште не одлучила на кој фестивал ќе настапи, додавајќи дека таму кадешто треба ќе се појави.

-Сигурно, се надевам дека ќе настапам, само здравје пред се. Инаку, јас сум почесто на Филиграни, на Цветници не сум веќе две години, последно беше кога ја испеав песната Мајката наша Македонија и тука постои Валандово, ама не стигнувам да понудам песна, некако секогаш завршува конкурсот, но не е ништо страшно. Таму кадешто треба ќе се појавиме.-потенцира Павловска.

Познатата пејачка која долги години опстојува на македонската естрада вели дека е добро да ги има фестивалите, бидејќи и новите пејачи ќе имаат место кадешто ќе ги промовираат нивните нови музички дела.

-Нека ги има фестивалите, затоа што сепак треба некаде да се промовира, а многу е поинтересно кога се презентира песна и кога се пее на фестивал. Останува снимка како вечен спомен од фестивалот. Кај нас има фестивали коишто со години како традиција се емитуваат. Треба да има, затоа што и помладите и нови пејачи кои започнуваат со својата кариера, да има каде официјално да се појават.-додаде фолк дивата, во емисијата “Промо” на ИНТВ.

Благица ја истакнува соработката со Љупчо Павловски од студио Анастасија, но не ја исклучува можноста за соработка и со останати композитори од нашата земја.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*