Со кого Елена ќе оди на летен одмор?!

Како фолкерка која значи за една од најабараните на речиси сите слави, семејни веселби, свадби и други свечености, периодов кој следува и е најмаксимално работен. Елена Јовческа со нејзниот најнов видео проект кој го изготви во соработка со ИН продукција, покажа дека ја бива буквално за секаков вид музика.

Двете кавер верзии кои ги преработи од легендарната Благица Павловска, како и сплетот со српски хит песни во моментов се доволен доказ дека таа е комплет понуда за секаков музички настап. Сепак после бројните работни ангажмани таа најавува дека ќе најде време и за летниот одмор, како и тоа во чие друштво ќе го помине на некое приморско крајбрежје.

-Да, ќе има време за одмор. Не знам кој период, меѓутоа, да ќе одвојам десет дена каде што ќе оотпатувам. Не сум одлучила сеуште, но нема да биди во Македониј дефинитивно. Со кого, и тоа не сум одлучила. Има време низ смеа вели Елена.

Во поглед на бројните пејачки имиња кои доаѓаат од прилепското поднебје на македонската музичка сцена, особено во женскиот дел, каде постои и ривалство, Елена со став:

-Па јас не би се ставила дека имам ривалство со некого, зошто имам мое нешко кое што се разликува и со кое се одликувам, така да секој за себе гради кариера и колку е таа кариера изградена, тоа ќе се види понатака. Еве да ја земам Благица Павловска за пример, жената оставила белег и до ден денеска се споменува, така да секоја за себе гради кариера, онолку колку што е способен и колку што може да направи, истакнува Елена.

За следниот период Елена најавува нов проект кој ќе биде многу поразличен од претходниот.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*