Позната е по фестивалските настапи како во Македонија така и во Австралија

Македонката која е родена и живее во далечната Австралија, Вера Трајкоска речиси целата своја музичка кариера ја бележи низ бројни фестивалски настапи, како во Австралија, така и тука во Македонија. Вера по

потекло е од Прилеп и како што вели често доаѓа во родната земја со своето семејство, а во периодот од 2013 до 2014 останале да живеат кратко во Прилеп. Таа бележи фестивалски настапи во Тетово на Филиграните, Гоце Фест и други.

-Почнав по фестивалите во Австралија пред 20 години. Тогаш беа огромни фестивали, во тоа време. Имав шанса да настапам и со тек на време работата си течеше. Сеуште го правам тоа. Имам и во група пеано, пред 15 години. Групата се викаше “Милениум”, пеевме по свадби, крштевки, со нив бев пет години заедно, истакнува Вера.

Нејзината најголема желба се исполнува со настапот на валандовскиот фестива, кога добила покана да учевствува.

-Настапив преку контакт со композиторот Оливер Глигоров , кој стапи во контакт со мене. Ми кажа дека има песна за мене за Валандово и мојата желба да учевствувам на овој фестивал беше голема, од мала. Не очекував дека до тој степен ќе ја имам таа шанса. Настапив во 2013 на Валандовскиот фестивал, со песната “Само ти, душо ти”, композитор Оливер Глигоров, истакнува Вера.

Вера во досегашната нејзина музичка кариера има издадено три албуми а не ја исклучува можноста да направи и нов , четврти албум со нови песни.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*