Пукна двегодишната врска од Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ?!

Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ пред разделба. “Неможат да ги усогласат обврските и плановите.”-вели извор близок на пејачката.

Во последно време Рада Манојловиќ и  Харис Берковиќ многу често се караат, а многу малку се гледаат поради што нивниот однос е во криза, пишуваат српските медиуми.

„Не можат да ги прилагодат плановите и обврските. Што и да испланираат им паѓа во вода, а поради обврските ретко се гледаат. Од друга страна, Рада е бесна бидејќи Харис и се меша во работата. Ако продолжат вака, секој ќе си продолжи по свој пат. Иако многу се сакаат, Рада речи си секој ден плаче, вели другарка на Манојловиќ.

Рада не сакаше да зборува за разделба, но призна дека многу често се караат бидејќи тој и се меша во работата.

„Ние двајцата знаеме како ни е во четири ѕида. Нашите кавги се поради работата.Тоа се кавги околу песни, спотови, имаме многу различни мислења, искрена е Рада и додава:

„Често се мешаме еден на друг во професијата. Мора да кажеме “стоп, повеќе нема да ти се мешам“, вели Рада и призна дека на Харис многу не му се допаѓа новата песна на својата девојка.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*