Калиопи драстично го промени изгледот

Калиопи направи драстична промена во изгледот. Нејзините фанови ја пофалија дека изгледа прекрасно.

Иако долго време е на македонската музичка сцена, македонската пејачка не е изложена на чести промени, па е позната по својата долга, црна коса.

Калиопи Букле која сите ја знаеме по нејзните мега хитови „Бато“, „Месечина“, „Обои ме“, „Црно и бело“  е препознатлива по својот извонреден вокал.  Најчесто, кога настапува на сцена Опи носи црна комбинација која совршено и стои со нејзината долга коса.

Пејачката овој пат се одлучи да направи промена, односно својата долга ја скрати, па сега има нова фризура. А нејзините фанови не се штедеа да и дадат комплименти и да ја пофалат дека и стои прекрасно.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*