Наскоро трет нов албум од Влатко Миладиноски

После напорната работа во изминативе неколку години и отпејувањето на бројни хитовски рефрени, младиот Влатко Миладиноски најавува и нов албум. Како што додава Влатко, поставени се уште две нови народни песни со кои ќе се заокружи овој нов албум.

-Се реализираат и тие песни и мислам дека ќе ја оформиме доволната бројка за да се направи новиот албум, официјален. Песните се тука, Жениме мамо, Софке, Велат не нема, Ај да одиме Јано, Најскапо што имам, Ракијо жолта магијо  имам многу песни да не заоравам некој, меѓутоа бројот ококу 12-13 кој што секогаш се држам околу таа бројка. Веќе тој број го имам исполнето, ќе го имам со тие две песни што мислиме да ги доработиме и веќе ќе мора да го официјализираме третиот албум. Се крчка официјално третиот албум за кој веќе се знае и насловот но ете да не откриваме многу , да ги довршиме песните па ќе ги откриеме сите детали околу тоа, истакнува Влатко.

Исто така Влатко најавува и бројни настапи надвор од нашата земја особено поголеми гостувања. Ние цело време работиме и функционираме со музиката и планот ни е така да продолжиме, вели Влатко.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*