Џенет Џексон ќе ја добие наградата “Billboard Awards”

Џенет Џексон ќе ја добие наградата „Билборд икона“. Ова е признание доаѓа за нејзината успешна кариера со оглед на тоа што нејзините песни со децении беа на врвот од топ листите.

Американската пејачка Џенет Џексон ќе добие уште една потврда за својот статус во музичката индустрија на овогодинашната церемонија на доделување на „Билборд наградите“ .

Таа на свеченоста на 20 мај во Лас Вегас ќе ја добие наградата „Билборд икона“ како признание за нејзината долгогодишна успешна кариера, а нејзините песни со децении беа на врвот на топ листите.

По тој повод Џенет Џексон на церемонијата ќе настапи во живо првпат по девет години. Меѓу останатите добитници на оваа награда се Принс, Стиви Вондер, Шер, Нил Дајмонд, Селин Дион и Џенифер Лопез.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*