Се сеќавате ли на Игор, момчето кое го воодушеви Балканот со изведбата на „Чија си“ од Тоше?

Дали се сеќавате на еден од подобрите настапи на наш македонец во шоуто “Ѕвездите на Гранд“?
Уште во првата сезона која почна со емитување кај нас, односно во 2014 година, младиот Игор Петковски од Скопје ја освои балканската публика и жирито со маестралниот настап каде ја отпеа „Чија си“ од Тоше Проески, а коментарите кои ги доби од тогашниот состав на жирито беа одлични, од: моќно, воодушевувачки … до одлични совети и мотивација со зборовите дека е еден од подобрите млади вокали во Македонија…
Но. тоа очигледно не го мислеше само жирито, туку и публиката која, според популарноста на видеото и по прегледи, но и според коментари, не остана рамнодушна на тоа како овој наш пејач ја донесе песната на Тоше на оваа сцена…
Денес, неколку години подоцна, момчето кое го воодушеви балканот,заедно со „Хепи енд“, со кој функционираат од 2012 година, ја подготвуваат својата прва авторска песна со победничкиот и проверен хитовски тим, братот и сестрата Цветковски, односно Лазар и Магдалена кои се потпишуваат на песната што според најавите ќе биде во поп-рок фазон…
Момците кои годиниве наназад свиреа на иста сцена со Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Адил, Аца Лукас, односно на нивни концерти како предгрупа, конечно ќе промовираат своја песна.
Додека го очекуваме хитот, да се потсетиме на неговиот настап:

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*