Пријовиќ и Филип платија дебело за бурмите!

5 илјади евра потрошиле Александра Пријовиќ и Филип за нивните златни бурми. Накитот е изработен по вкус на пејачката, а е украсен со брилијанти.

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ платиле дури 5 илјади евра за златни бурми, кои се направени специјално по нивните барања.

Накитот кој младите ќе го стават на рака на 21-ви јуни е изработен по вкусот на пејачката и е украсен со брилијанти.

Тие за прстените чекале повеќе од два месеци, а сега и тоа е завршено. Подготовките за гламурозната венчавка и свадбената веселба речиси се при крај, а во организацијата е вклучено целото семејство Живојиновиќ.

Боба му помага на Филип околу менито, на кое ќе се најдат специјалитети од седум најпознати европски ресторани, додека Брена со Александра и нејзината мајка Борка ги завршуваат деталите за декорацијата.

Пријовиќ неодамна изјави дека не е преокупирана со свадбата, но очигледно не е баш така.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*