Благица Павловска со став дека естрадата е преполна и без никаков ред

Благица Павловска која долги години опстојува на македонската естрада, раскажува дека на сцената застанала со големо искуство уште од нејзините почетоци. Таа вели дека за разлика од времето кога таа почнала да се занимава со музика и кога се бирале само вистински таленти, денес естрадата е преполна со пејачи и нема никаков ред.

“Македонската естрада е преполна со пејачи. Затоа она што е добро неможе да дојде до израз и нема некој ред”.-ова го истакна познатата фолк пејачка Благица Павловска при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

-Јас кога се појавив во 1992 година, ние отпочнавме во Македонска телевизија кадешто имаше избори на пејачи. Одиш, те преслушуваат, па потоа ќе ти кажат дали може да поминеш, дали ќе пееш, дали имаш шанса да пееш и да бидеш како пејач, да се претставиш на тие фестивали. За разлика од тогаш сега секој може да настапи на фестивал, на ваков или онаков начин. Во секој случај јас имам големо искуство зад себе и влегов со големо искуство навистина. Сакам да кажам и со пеење и со однесување итн.-раскажува фолк дивата.

Павловска вели дека не гледа конкуренција во помладите пејачи додавајќи дека секој си има свој стил на претставување.

-Јас не ги гледам новите генерации како конкуренција. Значи неможе да ми биде некој конкуренција кога сум јас уникатна. Секој си има свој стил, погрешно би било да се коментира околу тоа, само кој како ќе се презентира тоа е индивидуално, која каков успех ќе има.-додава таа.

Благица апелира до новите генерации да бидат поразлични и да снимаат квалитетна музика која ќе остане да се слуша уште долги години.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*