Спасен: Мило ми е што препеав песна од Мирко Митревски стара 20-тина години

Песна стара преку 20тина години од Мирко Митревски, која носи наслов “Славеј пиле пее рано” ја препеа познатиот фолкер Спасен Силјаноски. Спасен изразува огромно задоволство од тоа бидејќи уште како дете ја сакал оваа песна и сега успеал да ја препее.

-Давесет годин песната, ја паметам уште како дете имав тогаш 6-7 години и кога почнав да се занимавам со музика, таа песна ја носев во себе и од секогаш ја сакав. Можеби дваесет години ја немав слушнато, воопшто ниту на телевизија ниту на радио. Ја најдов таа песна, разговарав  со авторите на та песна, ми дозволија да ја снимам и ја снимав во своја верзија. Сметам дека ја донесов во етерот да биде достапна за слушање пред помладата генерација, истакнува Спасен.

По минатогодишниот голем хит од Спасен, “Ќе ти дојдам вечер во зла доба” со која настапи на Лешочкиот фолк фестивал, Спасен најавува и други нови песни. Воглавно Спасен се јавува како автор на музиката од сите негови новокомпонирани песни, а како текстописец се јавува неговата мајка , Јагода.

-Мојата цел е да се направи нешто и да остане. Не да се снимаат песни секоја ден. Песни кои што ја пушташ денес а оди во канта за ѓубре. Можеби тоа е некоја тајна за успех. Снимам понаретко песни, на пример една песна на година до две, но рпемногу критериуми барам самиот себеси за да направам песна. Од повеќе текстови што сум ги имал во моментот сум го одбрал ете тој текст за песната “Ќе ти дојдам вечер во зла добба” и сум го направил правилниот избор. Тоа ми е целта и во иднина. Сигурен сум дека ќе има уште такви песни , имам енергија, инспирација и можам да создадам уште песни. Никој не може да предвиди кога една песна ќе биде голем хит, тоа може само публиката да го каже, додава Спасен.

Спасен кој долго време е на македонската музичка сцена, најавува снимање на нови песни а не ја исклучува можноста и за снимањее на дует песна со некој од своите колеги, кои ги има како музички соработници.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*