Македонската песна, за жал, не е доволно промовирана !

Влатко Алексовски при интервју истакна дека македонската песна, за жал не е доволно промовирана. Тој вели дека истата е доста значајна бидејќи го отсликува животот на македонскиот народ во минатото.

Македонската песна, за жал има мал простор низ нашите медиуми. Ова го истакна познатиот фолк пејач, Влатко Алексовски при неодамнешното интервју.

-Ние сите знаеме како треба да се промовира македонската песна и сите декларативно се залагаме за тоа, но дефакто нема некој резултат. Секоја чест за вашиот медиум ИН ТВ, бидејќи 24 часа имате музичка програма, да ги освежите гледачите од она секојдневие што ни се случува, живееме реално во бурни времиња.-вели Алексовски.

Македонската песна, вели тој е доста значајна бидејќи таа е сведок на сето она што му се случувало на македонскиот народ во минатото.

-Сепак, македонската песна е многу значајна во животот на луѓето, а историски гледано била многу значајна бидејќи кога сме немале држава, колективното паметење историски на нашиот народ било сочувано и пренесено за разни историски настани, преку песни испеано, така да песните се живо сведоштво за она што му се случувало на македонскиот народ во минатото.-додава фолкерот.

Влатко апелира до сите медиуми да одвојат поголем простор за промоција на македонската музика.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*