Група “Варош” подготвуваат авторски песни со староградска тематика

Познати се по нивните бројни свирки низ рестораните и семејните прослави, но веќе подготвуваат и неколку авторски песни. Од група Варош велат дека текстовите за песните се веќе готови, а се чека уште да се отсвири музиката.

Група Варош се добропознати во Охридскиот регион по големиот број настапи низ локалите, но и семејните прослави. Тие веќе подготвуваат неколку авторски песни, а како што ни открија при нивното гостување во емисијата Промо, текстовите се веќе готови.

-Текстовите се нови, баш со староградска тематика и овие секојдневни случувања, повеќе песни како за свадба, боемски песни и љубовни, таква тематика некоја којашто ќе е со интересна содржина и ги спремаме тие песни.-истакнаа членовите на бендот.

Песните ќе бидат готови по есенскиот период, велат од бендот, бидејќи во моментов се презафатени со настапи.

-Тоа може да го изрежираме во есенскиот или зимскиот период, кога ќе имаме помалку работа и несакаме да биде само колку да биде снимано, туку да извадиме нешто квалитетно, да е добра песната и убаво да звучи. Да не е само отсвирено, песна сними и толку. Значи сакаме да е квалитетно затоа што мислиме дека навистина можеме да го направиме, како што знаеме ние.-додаваат оттаму.

Инаку, бендот постои скоро 3 години, а се состои од тројца искусни музичари. Тие најмногу ја негуваат староградската песна, но свират и се што ќе побара нивната публика.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*