Група “Оскар” сеуште со силни импресии од минатогодишната австралиска турнеја

Сеуште се под големи впечатоци од нивната минатогодишна турнеја во далечната Австралија, при што не ја исклучуваат можноста за повторна таква турнеја. Членовите од битолската група Оскар при гостувањето во ИН продукција раскажаа со силни импресии за тоа како поминаа на оваа нивна прва турнеја која беше во траење од околу 40-тина дена.

-Многу задоволни од реализираното, сите таму што не пречекаа на чело со друштвото “Јане Сандански” од Мелбурн. Претседателот Ромео , неговиот дедо Душко и сите останати од друштвото. Прекрасни дружења, концерти, луѓе многу нови познатства. Прекрасно дружење со нашинците, вели Јоррде, вокал од групата.

-Таму бевме вкупно 40-тина дена , бевме во сите поголеми градови, Сиднеј, Перт, Волонгог, Њу Касл. Ги поминавме поголемите градови, навистина беше прекрасно. Се надеваме на повторна соработка и мислиме дека до година ќе се видиме повторно, истакнува Дејан.

Минатата година група Оскар за прв пат беше на Австралиска турнеја кои беа заедно во придружма со фолкерот Орце Стефкоски и Сузи Анџелковиќ.

-Таму добро поминавме. Одржавме доста концерти. Еден беше како фестивал со девет концерти. Тоа беше на традиционална храна, вино и музика. Беше многу добро дружење со македонците. Севкупно сме многу задоволни од оваа турнеја, додава Горан.

Во моментов групата Оскар подготвува проект со стари македонски песни а паралелно работи и на снимање на нови песни за нивниот втор албум.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*