Благица Павловска : Многу е битно зад себе да оставиш квалитетна-хит песна !

“За мене е многу битно да оставиш зад себе, не само песнички да снимиш туку да оставиш убава песна, да има корен таа песна и да направиш хит.”-истакна фолк дивата Благица Павловска при неодамнешното гостување во емисијата “Промо”.

Фолк дивата Благица Павловска зад себе има оставено голем број хитови кои ќе се пеат уште долги години. Таа при нејзиното гостување во ИН Продукција истакна дека е многу битно каква песна ќе оставиш зад себе и апелира до младите пејачи да снимаат квалитетни песни.

-За мене е многу битно да оставиш зад себе, не само песнички да снимиш туку да оставиш убава песна, да има корен таа песна и да направиш хит песна. Дали ние бевме во тоа време кога се одвои Македонија, кога се растури Југославија и кога имаше подем и желба за македонска песна, многу емоции имаше во тоа време, многу чувства кои се случуваа за да се доживее песната многу поинаку.-вели Павловска.

Благица раскажува дека во 90-тите години повеќе била застапена македонската песна, за разлика од денес кога нема доволно медиуми кои ја презентираат истата.

-А сега, од 90-та до 2000-та и некоја година, многу години поминаа, во тоа време, тие десет години да речам, беа застапени добри песни, беше активна македонската песна. Не сега дека не е, ама нема каде да се презентира. Не е како во нашите соседни земји како што се презентира со сателитски програми, еве и вашата ИН ТВ како што презентира.-додава фолк дивата.

Таа вели дека промоцијата на македонската песна зависи од главата на националните телевизии. Според неа тој што е на врвот треба да им овозможи на гранките да ја презентираат македонската песна.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*