Спасен: Подобро е да се создаде ново и квалитетно, отколку неквалитетно да се препејува старото

Трендот на препејување на старите македонски песни кој зема се поголем замаф кај помладите пејачи претставува и позитивна но и негативна појава. Ваква констатација изнесе фолкерот Спасен Силјаноски кој истакнува дека препејувањето на било која песна не треба да значи нејзино расипување.

-Гледам во тоа и позитивни работи но гледам и негативни работи, зависи има повеќе објаснувања. Сепак сум да се создаде нешто ново а квалитетно, отколку да се препејуваат некои стари кавери. Кога веќе се препејуваат и веке испеани компонирани песни, тоа треба да биде подобро од оригиналот. Во аранжмански, интерпретаторски и така натаму да се даде поголема енергија, за да се постигне некаков ефект. Доколку се препејат песни а не се постигне тој успеход оригиналот, тогаш нема фајде од тоа препејување, истакнува Спасен.

Сепак, Сапсен додава дека некои од групите го искористиле сето ова па станале доста популарни со туѓи песни. Потребно е во голема мерка да се создава нешто ново на македонската музичка сцена, добро е да се снимаат и старите песни но да не се злоупотребуваат, вели Спасен.

-Во многу случаеви имаме злоуппотребување. Кавер е едно и снимање песна во живо а сосема нешто друго е снимање на песна во студио, а потоа само на снимка ќе се сними сето тоа да се даде некој впечаток дека е сето тоа во живо. Тоа е лицемерие, тое а веќе лага, се манипулира со слушателот и затоа почитувам снимање и интерпретирање во живо , но не на тој начин на кој што се снимаат студиски а потоа се прави фама како да е во живо, додава Спасен.

Во периодов кој следува Спасен најави бројни работни ангажмани, настапи особено во западниот дел од нашата земја, каде што впрочем е најповеќе баран со песните кои ги пее а во есенскиот дел од годинава најави и бројни патувања и настапи надвор од нашата земја.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*