Објавен конкусот за нови песни за Лешочкиот Фолк фестивал 2018

И оваа година се продолжува традицијата на музичко –културната манифестација на Лешочкиот фолк фест. Имајќи предвид дека „Лешочкиот Фолк Фест„ е единствена и автентична културна манифестација која се одржува во овој крај на Македонија, со својот концепт и идеја на творештво настојува да го заштити, промовира и афирмира македонскиот фолклор, како составен дел на македонската култура и традиција.

На конкурсот може да учествуваат сите заинтересирани домашни автори и изведувачи кои ја афирмираат и изведуваат македонската новосоздадена песна во духот на фолклорното творештво, со почитување на автентичната македонска мелоритмика и музички израз. како и богатото историско минато на македонскиот народ и традиција. Песните може да обработуваат теми од свадбарски, чалгаџиски, родољубив и љубовен карактер.

Секој автор кој ќе конкурира, потребно е да достави нотен запис, со впишани хармонски симболи, стихови, како и демо-снимка за секоја песна. Со испраќањето песни на конкурсот, авторите му го отстапуваат правото на организаторот песните да ги аранжира, печати, за прв пат јавно да ги изведува, да ги сними на носачи на звук и слика, и сите овие права или некое од нив поединечно да ги пренесе на трети лица. Организаторот го задржува правото преку своите стручни комисии да врши евентуални мелодиски, ритмички, хармониски и текстуални корекции. Доколку на конкурсот не пристигнат доволен број на квалитетни трудови, организаторот го задржува правото истите да ги обезбеди по пат на нарачки.

Фестивалот ќе се одржи во манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок, ќе се одржи фестивалот на новосоздадена македонска песна „ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ 2018„.

Рокот за доставување на песните е 30 јуни 2018 година.

Песните може да се испратат на електронската адреса lesockifolkfestival@yahoo.com

Дополнителни информации и контакт на телефоните 070 262 355, 076 493 783 и 078 318 298

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*