Кои се вистинските имиња на српските пејачки?!

Многубројни јавни личности од различни причини одлучија на јавностa да и се претстават под псевдоним. Некои од нив се навикнати на нивните прекари, па дури и одлучија законски да го променат името. Меѓу нив се Ана Бекута, Лепа Лукиќ, Лепа Брена и многу други.

Дел од пејачите на српската естрада ги знаеме под уметничките имиња, а за некои не сте ни претпоставиле кое им е правото име.

Во 1985 година, Гордана Надежда Полиќ го промени името во Ана Бекута.

„На мене многу поефикасно ми беше името Ана Бекута. И името е дел од сопствениот имиџ, изјави Ана во една прилика.

Исто така, српската пејачка Нада Топчагиќ се вика Сенада Топчагиќ. Не е познато кога пејачката го променила името по кое полесно ќе ја паметат, но факт е дека сите ја познаваат како Нада.

Кралицата на народната музика Лепа Лукиќ е родена во 1940 година под името Лепава Мушовиќ.

Правото име на фолк пејачката Јана е Драгана. Пејачката е родена во 1974 година во Приштина под името Драгана Тодоровиќ, но сите ја познаваат како Јана, а за Лепа Брена сите знаат дека е Фахрета Јахиќ.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*