Ангел Стојкоски подготвува авторска песна

Авторска песна подготвува младиот пејач Ангел Стојкоски. Песната, како што открива тој ќе биде со љубовна тематика и со емотивен текст којшто ќе ја погоди публиката.

Стружанецот Ангел Стојкоски подготвува авторска песна. Како што истакна тој при неодамнешното интервју, станува збор за песна којашто ќе биде за секоја намена.

-Песната ќе биде љубовна, за секоја намена, значи за крштевка, свадба, кафана, ресторан. Сакав да биде текст којшто ќе ја погоди публиката и сакам да бидам повпечатлив по тоа.-вели Стојкоски.

Песната којашто се планира да излезе за скоро месец дена, ќе добие и свој спот кој ќе го работи ИН Продукција.

-Заедно со ИН Продукција како што ветив оваа песна ќе добие свој спот, да не ветувам но планирам за околу еден месец таа песна да биде готова.-додава тој.

Инаку, младиот и талентиран пејач кој од неодамна започна соло кариера, деновиве го сними првиот видео запис за преработката на старата изворна песна “Абер ми дојде од Солуна града”. Ангел очекува песната и видео записот да бидат добро прифатени од јавноста.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*